gototopgototop

Презентација

ДПТУ ТИМ СОРС ДОО – Скопје е компанија која успешно работи  од 2007 година, кога  е и формирана.

Основна дејност на Друштвото е снабдување на своите клиенти со разни видови на амбалажа, канцелариски и школски материјали, разни видови на хартија,  репроматеријал за печатници, како и готови печатени обрасци.

ТИМ СОРС ДОО работи со компании од земјата и странство и е генерален застапник на неколку фирми, производители на ламинатни и алуминиумски туби. Истите се користат во фармацевтската, козметичката и прехранбената индустрија.

Фирмата располага со сопствен деловен простор од 200м2 во центарот на Скопје, магацински простор 500м2, како и сопствен возен парк.

ТИМ СОРС ДОО вработува искусни кадри кои долги години се во браншата, но е отворен и за нови,  образовани и амбициозни млади луѓе, кои заедно со нашата фирма би се вивнале во височините на бизнисот.