gototopgototop

Ламинатни туби

Ламинатните туби претставуваат функционална, еколошка и атрактивна  амбалажна форма наменета првенствено за пакување на забни пасти, но и за останатите слични производи од козметичката, фармацевтската, хемиската  и прехранбената индустрија. Оваа амбалажа одлично ја заштитува содржината од надворешни влијанија, а заради практичноста и привлечниот изглед има огромно влијание на презентацијата на самиот производ како и на неговата продажба.

За сите ламинатни туби карактеристично е што имаат издолжен шав на телото на тубата. Тие може да бидат бели, во боја, прозирни, со или без печатење. Печатењето се прави со флексо или бакро техника за печатење, пред да се произведат тубите.

Готовите туби ги затвара купувачот со постапка која се вика термозаварување.

Основен материјал за изработка на оваа амбалажа е петослојна фолија. 

Во зависност од заштитата која ја содржи ламинатната фолија се разликуваат два стандардни типа на ламинатни туби:            

ABL - ламинатна туба со алуминиумска бариера ( заштита ), (aluminum-barrier layer)  и
PBL – ламинатна туба  со пластична заштита, ( plastic-barrier layer ) 


 

ABL - Ламинатна туба PBL- Ламинатна туба

ABL- ламинатни туби се произведуваат од петослојна фолија со заштита   ( внатрешна облога ) од алуминиум. Алуминиумот има првенствено заштитна улога. Тој го штити производот од надворешни влијанија ( светлост, корозија, отпорност на дифузија ) и оневозможува губиток, односно промена на арома. Видот и дебелината на бариерата се избира во зависност од производот кој се пакува во таа ламинатна туба. Заради исклучителната заштитна способност на алуминиумот, алу-ламинатните туби може да се користат и за пакување на “ агресивни  “ содржини.

Оваа врста на амбалажа има широко подрачје на примена во разни индустрии за пакување на пасти, креми, гелови и масти.

Во зависност од барањата на купувачите, алу-ламинатните туби ги работиме во различни големини, волумен и должина, во комбинација со неколку варијанти на затворачи.

PBL-ламинатните туби , произведени се од петослојна фолија со заштита ( внатрешна облога ) од пластикаа ( EVOH ). Специфично за овие туби е тоа што подобро го задржуваат својот облик, па и после истиснување на содржината од тубата, таа останува иста. Таа секогаш се враќа во првобитна положба, визуелно останува иста, мазна и без набори. Предност на овие туби, кои се појаки и попостојани е во тоа што не е потребно нивно додатно надворешно пакување во картонски кутии.

Овие туби, како и сите други, се произведуваат во разни димензии и можат да се комбинираат со неколку типови на затворачи.